Ерлинг Халанд, или „Терминаторот“ како што го нарекуваат, следната сезона ќе ги брани боите на Манчестер Сити. Пред два дена ова го потврди самиот англиски клуб, кој соопшти дека ги договориле сите детали со Борусија Дортмунд и самиот играч. Промоцијата се очекува по завршувањето на сезоната. Манчестер Сити ја активираше откупната клаузула и за него на германскиот тим ќе плати околу 75 милиони евра.
Во договорот со Манчестер Сити Халанд ќе има излезна клаузула во износ од 150 милиони евра, открива германски „Билд“, која би божела да биде активирана само пред третата година од неговиот договор со Сити.
Халанд со англискиот тим има петгодишен договор, а платата ќе му биде 435 илјади евра неделно.