недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Билетите за „Ел Класико“ се продадени за десет минути!

Билетите за „Ел Класико“ се продадени за десет минути!

Билетите за претстојното „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид во првенствениот меч од 26.коло во Ла Лига експресно се продадоа за десетина минути, објавија шпанските медиуми.

„Камп Ноу“ е комплетно распродаден и Реал Мадрид го чека пекол во пресметката која со триумф на Барса веројатно би значела и шампионска титула, иако сѐ уште има уште многу да се игра до крајот на сезоната.

Предност за купување на влезници имаа сите членови на клубот кои практично ги разграбаа влезниците, а според информациите останале само многу малку во слободна продажба, кои веднаш се продале.

Од Каталонија доаѓа и информација дека навивачи на Реал Мадрид со дрес на „кралевите“ нема да влезат на стадионот.