Фудбалската легенда на Хрватска Звонимир Бобан, во разговор со шпанските медиуми одговараше на бројни прашања поврзани со фудбалските правила и трендови.
Главниот оперативец на Европската фудбалска унија (УЕФА), меѓу другото, се осврна на капитенот на Хрватска, Лука Модриќ и на Пјерлуиџи Колина. Бобан ги критикуваше претерано долгото судиско надополнување.
„Има премногу натпревари и играчите се уморни поради тој ритам, а што правиме ние? Им додаваме минути во периодот од натпреварот кој и онака им е најтежок. Последниот половина час е секогаш најтежок. Можевме да одиграме 100 натпревари во 100 дена ако траеја по еден час. Во Лигата на шампионите во просек има ефективни 62 минути игра по натпревар. Но, никој не се грижи. Фудбалот не е на Колина, на ФИФА или на УЕФА, не припаѓа на мене или на вас, тој е на секој што го сака“.
Во продолжение тој осврна на фактот дека играчите не требале да слават голови.
„Не разбирам како некој мислел на тоа. Бев шокиран кога го видов на Светското првенство. Ние како УЕФА нема да го поддржиме ова во нашите натпреварувања бидејќи тоа е антифудбалска одлука. Го познавам Колина 30 години и добро соработувавме многу долго време. Тој е еден од најголемите судии во историјата на фудбалот и тоа никој не може да го оспори, но мора да го тргне егото на страна ако му посакува добро на фудбалот“.