сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Борко Ристовски ги поддржа фудбалерите на Вардар на стартот на подготовките

Борко Ристовски ги поддржа фудбалерите на Вардар на стартот на подготовките

Ракометната легенда на Македонија, голманот Борко Ристовски го поддржа фудбалскиот клуб Вардар. „Црвено-црните“ денес означија старт на подготовките. Клубот добива ново сопствеништво, навивачката група „Комити“ ќе ги преземе сите акции од доскорешниот сопственик Слободан Крстевски.

Вардаровиот голман пристигна на првиот собир, да им искаже поддршка на фудбалерите. Тој разговараше со претставниците на „Комити“, како и со тренерот Бобан Грнчаров. Ристовски во повеќе наврати ја искажа својата љубот кон Вардар, па веројатно сега ќе се обиде да помогне и на фудбалскиот клуб.

Грнчаров ги свика фудбалерите за првиот тренинг и официјалниот старт на подготовките. Стартот на сезоната во ПМФЛ е закажан за почетокот на август.

Извор: Гол.мк