Фудбалерите на Дортмунд Борусија денеска се враќаат на теренот. „Милионерите“ ќе ги продолжат тренинзите во клупската база, стои во информацијата на „Спорт1“.
Донесена е одлука да се подели тимот во групи од по две лица за да се спречи евентуално ширење на коронавирусот.
-Многу е важно да се вратиме на теренот, бидејќи не е толку досадно како дома, забележа играчот од средниот ред Емре Џан.
Германскиот шампионат беше прекинат поради пандемијата. Терминот на продолжување на сезоната во Бундеслигата е непознат.