четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Борусија Дортмунд и Хофенхајм под истрага во Германија

Борусија Дортмунд и Хофенхајм под истрага во Германија

Германскиот фудбалски сојуз ќе ги испитува Хофенхајм и Борусија Дортмунд поради навредливите транспаренти на навивачи на адреса на Дитмар Хоп, кој е претседател на Хофенхајм.

Навивачите на „жолто-црните“ се предмет на истрага за неспортски манифестации, додека домаќините од Хофенхајм ќе бидат испитани за недоволната работа на обезбедувањето на дуелот помеѓу двата тима, одигран минатиот викенд.

Главниот судија Харм Озмер даде почетен судиски сигнал на средбата, и покрај истакнатиот плакат со натпис „Довидување Хоп“, кој беше подигнат од приврзаници на Борусија.

Седумдесет и осум-годишниот Хоп, кој е еден од основачите на софтверскиот гигант „САП“, инвестира огромни парични суми во Хофенхајм во последните околу две децении.

– Во случај на идни такви случаи, дуелите не треба да започнат, рече Кристоф Шикхард, експерт за спортски закони, пред магазинот „Кикер“.

Во саботата, Хофенхајм и Борусија Дортмунд одиграа нерешено 1:1. (МИА)