Директорот на Борусија Дортмунд, Михаел Зорц го отфрли шпекулациите за заминување на Андре Шурле од „Вестфален“.
– Шурле нема да си замине од Борусија. Ова одлука ја донесовме во консултација со стручниот штаб кој сака здрав тим и конкуренција на сите позиции. Шурле е еден од 29 играчи под договор и тој останува во екипата, изјави Зорц.
За поранешниот фудбалер на Волфсбург, Челзи, Беар Леверкузен и Мајнц, интересе покажуваат Фенербахче, Хамбургер и Интер, но по изјавата на Зорц се чини дека нема ништо од евентуален трансфер.
Шурле оваа сезона немаше значителна минутажа, причината е проблеми со повреди.