среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Борусија има проблеми, фаталната Албанка им го расипала напаѓачот

Борусија има проблеми, фаталната Албанка им го расипала напаѓачот

Борусија Дортмунд не блеска на почетокот на сезоната и „милионерите“ се само четврти на табелата, а еден од играчите кој е целосно надвор од форма е Карим Адееми. Напаѓачот, кој минатата сезона во Салцбург беше платен 30.000.000 евра, имаше шест гола и исто толку асистенции во Бундеслигата, но сега по шесте одиграни натпревари не успеа да погоди. Според „Билд“ причина за ова е Албанката Лоредана Зефи која е седум години постара! Оваа позната пејачка е родена и израсната во Швајцарија, а зад себе веќе има еден брак. Таа беше во брак со албанскиот музичар Мозик и имаше две деца, а 21-годишниот напаѓач од неодамна е во врска со неа.

Ова 21-годишно крило е родено во Минхен во мешан брак на Нигериец и Романка. Тој е повремен репрезентативец на Германија и на четири натпревари за „панцерите“ постигна еден гол.