недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Брајтнер: Нејмар е паразит и измамник

Брајтнер: Нејмар е паразит и измамник

Нејмар го напушти ПСЖ бидејќи за две години на Блискиот Исток ќе заработи околу 400 милиони евра. Германецот немаше милост, се нафрли на Нејмар и им се заблагодари на Саудијците.

„Драги Саудијци, ви благодариме што го купивте господинот Нејмар, еден од најголемите фудбалери познат по актерството. Страшно! Тој е измамник и паразит. Ви благодариме што не мораме повеќе да го трпиме“, изјави Брајтнер за германските медиуми.

Бразилскиот репрезентативец беше купен од ПСЖ од Барселона во 2017 година со отштета од 222 милиони евра, па се уште е најскапиот фудбалер во светот.

За шест години во Париз не се прослави, одигра 186 натпревари, а повеќе од стотина пропушти поради повреди, притоа постигнувајќи 105 гола со 76 асистенции. Кога Германецот го прашаа како го коментира тоа што бројни фудбалски ѕвезди заминаа во Саудиска Арабија, тој одговори со прашање.

„Што е добро со тие пари од Арапите“, кусо прокоментира легендата