Репрезентацијата на Сенегал ја изненади Полска и победи во својот прв натпревар на Светското првенство во Русија со 2:1. Сенегалците за двата гола, а посебно за вториот помош имаа од противникот.
Senegal fans cleaning up their part of the stadium after their victory against Poland is the best thing you’ll see today??? pic.twitter.com/nhojG0CHaU
— PF | World Cup? (@PurelyFootball) June 19, 2018
Меѓутоа потегот на денот го направија сенегалските навивачи, кој после победата на своите момци останаа на стадионот да го чистат ѓубрето, односот нередот кој остана. Со таквата постапка покажаа пример како треба да се однесуваат луѓето и ги воодушевија сите на социјалните мрежи.
Japanese fans clean up stadium after Columbia loses 1-2 to Japan in World Cup 2018 https://t.co/4MsPCdCsaD pic.twitter.com/vx9eAXQ2AC
— Mothership.sg (@MothershipSG) June 19, 2018
Не се тие единствени кои беа на повисоко културно ниво. После победата над Колумбија како треба покажаа и Јапонците. Сенегал и Јапонија ја предводат групата Х со по три бода, но и во културата на нивните фанови.