вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бразил ќе го чека Карло Анчелоти до 2024 година

Бразил ќе го чека Карло Анчелоти до 2024 година

Карло Анчелоти и следната сезона ќе го води Реал Мадрид, но и покрај тоа Бразил не се откажува од италијанскиот стратег, и ќе го чекаат до 2024 година.

Бразил е сериозно заинтересиран за Анчелоти, тој е нивна голема желба од која немаат намера да се откажат без разлика колку време ќе треба да чекаат.

Анчелоти и следната сезона ќе го води Реал Мадрид, а Бразил за тој период ќе назначи привремен селектор кој ќе ја води селекцијата на Копа Америка 2024 година.

Кога договорот на Анчелоти со Реал Мадрид ќе истече, тој ќе стане селектор на Бразил. Главната цел е да ја води на Светското првенство во 2026 година кое се одржува во САД, Канада и Мексико.