сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бразилецот Рафаел Гоес, нов играч на Работнички

Бразилецот Рафаел Гоес, нов играч на Работнички

Бразилскиот фудбалер Рафаел Гоес да Силва е нов фудбалер на Работнички.

Тој стави потпис на договор со клубот од „Градски парк“ и треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред.

– Потпишавме договор со бразилскиот интернационалец Рафаел Гоес да Силва. Има одлични препораки, ја минал младинската школа на славниот Фламенго и веруваме дека ќе биде квалитетно засилување за Работнички. Тој игра на позицијата дефанзивен играч за врска, но може по потреба да одигра и во одбраната, изјави спортскиот директор на Работнички, Горан Станковски.

Гоес ја минал школата на славниот бразилски клуб Фламенго, а Работнички е негов прв клуб во Европа.