Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо Назарио де Лима стана главен сопственик и претседател на шпански Реал Ваљадолид, објавено е на веб-страницата на клубот.
Поранешниот напаѓач Барселона и Реал Мадрид купи 51 отсто од акциите на клубот за 30 милиони евра и го наследи Карлос Суарез Суреду, кој ќе остане во одборот на клубот во таа улога.
Во јануари оваа година, Роналдо изрази желба да купи клуб од друга шпанска или англиска лига, но тој сепак го избра Ваљадолид.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата кои два пати го освои Мундијалот со Бразил (1994 и 2002 година), до 2016 година беше сопственик на американскиот клуб Форт Лодердејл.
Роналдо со голем успех играше во Реал Мадрид, Барселона, Интер, Милан, ПСВ и два клуба од земјата Крузеиро и Коринтијанс, каде што ја заврши кариерата.
За репрезентацијата на Бразил, тој има 98 настапи и постигна 62 гола.