недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Буфон: Спалети е вистинскиот човек за селектор на Италија

Буфон: Спалети е вистинскиот човек за селектор на Италија

Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот Џиџи Вуфон доби функција тим менаџер на селекцијата на својата земја.

Негова прва работа ќе биде дуелот со Македонија во Скопје кој се игра в сабота. За тоа како го гледа изборот на Лучиано Спалети да биде наследник на Роберто Манчини, Буфон одговори:

Имам чувство дека Спалети е вистинскиот човек за селектор. Имав можност во изминатите денови со него и со неговиот стручен штаб да поразговарам околу емоциите и вредностите кои се неопходни да се дојде до целта“ посочи Буфон.

Инаку тој доаѓа на местото на Џанлука Вијали, кој почина како тим менаџер кога Роберто Манчини беше селектор:

Никогаш нема да бидам на неговото ниво. Само сакам да бидам она што отсекогаш сум бил, поради што луѓето ме почитуваа“.

За заминувањето на Манчини и тој напомена дека тоа било неочекувана одлука.

Добро е што Фудбалскиот сојуз на Италија брзо реагираше и го ангажираше Спалети.Тоа е важно за сите на кои репрезентацијата на Италија им е важна“ рече покрај другото новиот тим менаџер на репрезентацијата на Италија.