Шпанскиот репрезентативец Серхио Бускетс ќе потпише нов договор со Барселона, објави Радио Каталонија.
Претседателот на Барселона, Јосеп Мариа Бартомеу го убедил 29-годишниот Бускетс да го продолжи својот сегашен договор на уште две сезони до летото 2023 година.
Играчот од средниот ред ќе добие зголемување на плата, а износот на откупот во неговиот договор ќе порасне на 200 милиони евра.
Договорот се очекува да биде формализиран во наредните денови.
Интерес за ангажирање на Бускетс покажуваат Манчестер Сити и Пари Сен Жермен.
МИА