Поранешниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро се најде во непријатна ситуација за време на летот за Катар, каде во недела ќе започне Светското првенство, а како што самиот најави, авионот бил исполнет со навивачи на Бразил кои пееле и ја славеле својата репрезентација во текот на целото патување.
Агуеро претходно најави дека ќе биде во Катар и ќе ги бодри своите поранешни соиграчи од аргентинската репрезентација, а за време на летот за Катар се качил во „погрешниот авион“, односно во оној исполнет со весели навивачи на Бразил.
Дека не му било удобно да го слуша тоа и дека не се чувствувал најудобно се показателите за изразот на лицето кој го снимил и објавил на својот Инстаграм профил, додека во позадина на видеото може да се слушне песната на бразилските навивачи.
„Целиот пат вака“, напиша овој поранешен аргентински фудбалер во описот на видеото.
Enjoy your flight to the World Cup, Sergio Aguero? 😂#BBCWorldCup pic.twitter.com/tGdMqaeMbJ
— Match of the Day (@BBCMOTD) November 18, 2022
Интересно е да се додаде дека ова ќе биде прво Светско првенство на кое Агуеро и Меси нема да бидат заедно во соба, а медиумите во Аргентина пишуваат дека капитенот и најдобриот играч на оваа репрезентација ќе останат сами во собата и дека тој не побарал друг цимер.