Нант не заборава што сè направи за нив Емилијано Сала, младиот фудбалер кој само што замина од клубот и потпиша за Кардиф, исчезна со авионот на пат од Нант за Кардиф.
Сè на стадионот за натпреварот со Сен Етјен беше во знакот на Сала: играчите изглегоа со дресови со неговиот лик, навивачите мавтаа транспаренти со пораки дека никогаш нема да го заборават, а на средината на теренот беше поставена огромна слика со неговиот лик.
Сите беа во солзи за 28-годишнот аргентински фудбалер кој вечерта на 21 јануари тргна со изнајмен авион од Нант кон Кардиф. На околу еден час пред слетувањето авионот исчезна од радарските екрани.