Домаќинот на Светското првенство жали за вчерашната елиминација на Јапонија во дуелот со Белгија.
Не толку поради големиот квалитет со кој располага оваа селекција, колку поради примерот што го оставија навивачите на оваа земја. На сите натпревари на кои играа Јапонците, стадионите беа темелно исчистени од навивачите, истото важи и за соблекувалните.
Но, луѓето во светот се прашуваат што е тоа што ги тера Јапонците да го собираат ѓубрето зад себе.
Одговорот лежи во 1990 година. Дотогаш ѓубрето било најголем проблем во земјата и на почетокот од последната деценија на минатиот век, Јапонија била на прагот на еколошка катастрофа. Биле потребни итни мерки и одговорните ги нашле.
Јапонија е земја со површина од речиси 378 илјади квадратни километри и население од над 127 милиони жители. Секој Јапонец зад себе остава по речиси килограм ѓубре. Во 1990 година почнала политика на негово собирање и жителите го собираат, сортираат и го даваат на обработка. Отпадоците се делат на две категории: запалливи и незапалливи. Преработените материјали се користат ново производство, на пример од пластичните шишиња се прават гаќи, канцелариски материјали, мебел и слично, а истото важи и за другите работи.
Луѓето кои го оставаат ѓубрето зад себе во парковите, плоштадите, спортските сали, реките и слично се казнувани. Во овие речиси три децении овие мерки толку вродиле со плод што Јапонците каде и да одат исто се однесуваат.