среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Целиот свет и завидува на скромната претседателка, домашната јавност удри по неа- поради оваа фотографија цела Хрватска е бесна

Целиот свет и завидува на скромната претседателка, домашната јавност удри по неа- поради оваа фотографија цела Хрватска е бесна

Светските медиуми овие денови на големо пишуваат за претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ која го привлече целото внимание кон себе појавувајќи се на трибините на СП во Русија.

Но, иако на Колинда и се воодушевува целиот свет овие денови, хрватската јавност и замери на нивната претседателка поради фотографијата на која е во друштво со извршниот директор на хрватскиот фудбалски сојуз.

Имено Дамир Врбановиќ неодамна бил осуден на три години затвор поради измама додека бил директор на фудбалскиот клуб Динамо.

По ова, фотографијата на која тие двајца се заедно стана вистински интернет хит, а хрватската јавност не се воздржа од илјадниците коментари на сметка на претседателката.