среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Целиот тим на Лацио во карантин поради сомнителни случаи на Ковид 19

Целиот тим на Лацио во карантин поради сомнителни случаи на Ковид 19

Екипата на Лацио е во карантин, откако на синќешното тестирање неколку нивни членови се покажале позитивни на молекуларните тестови на Ковид 19.

Денеска ќе биде направен уште по еден тест за да се види кои се позитивни и на кои фудбалери може да се смета за утрешниот меч против Торино.

Како што објави италијанскиот тим на својата интернет страница, некои фудбалери се испратени во домашна изолација, иако не се откриваат нивните имиња. Останатите играчи ќе бидат во карантин до мечот со Торино. Засега не е позната бројката на позитивни случаи ниту идентитетот на заразените.