Некогашниот шпански фудбалер Чаби Алонсо со голем успех го води Баер Леверкузен, одлично ја почна и новата сезона во која засега е рамо до рамо со Баерн Минхен на врвот во Бундеслигата.
Токму тој е пикиран од Реал Мадрид за наследник на Карло Анчелоти кој по крајот на сезоната ќе замине од кралскиот клуб и ќе се пресели на селекторската функција во Бразил.
Чаби Алонсо пет сезони беше играч на Реал Мадрид, одлично го познава клубот и се смета за идеално долгорочно решение за тренерската позиција во клубот.