Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изјави дека напаѓачот Патрик Шик би можел да се врати на терените на саботното гостување кај Волфсбург во осмото коло од Бундес-лигата.
„Тој се врати на тренинзите во последните две недели. Ќе одлучиме пред секој меч. Одлично е за тимот што повторно е на располагање, ни требаат неговите голови, класата и неговиот карактер“, изјави Чаби Алонсо на прес-конференцијата.
Напаѓачот веќе некое време се опоравува од проблемите со адукторите и не играл од почетокот на март. Пред тоа, имаше и период во кој 27-годишниот Чех беше надвор од теренот, пропуштајќи натпревари од ноември 2022 година до средината на февруари оваа година. Патрик Шик исто така беше опериран изминатото лето.