понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави: Има сомнежи за офсајдот? Нема дилеми, нема полемики

Чави: Има сомнежи за офсајдот? Нема дилеми, нема полемики

Чави Хернандез слави и во второто „Ел Класико“ во Примера оваа сезона откако триумфираше против Реал Мадрид со 2-1.

По натпреварот гласни беа мадридските медиуми, кои ја апострофираа изјавата на Анчелоти, кој се сомнева во снимката и поништениот гол на Асенсио заради недозволена позиција. Реал за кратко поведе со 1-2, а по одлуката на ВАР-собара, Барса имаше подобар финиш и извојува победа од 2-1.

„Има дилеми за офсајдтот? Па, тоа е егзактна одлука. Навистина сум изненаден од изјавата на Анчелоти. Дали има офсајд или не, со присуството на ВАР, нема повеќе дилеми. Што се однесува до натпреварот мислам дека Барса беше подобар противник. Видов задоволни лица во соблекувалната, но има уштe дванаесет кола. До овој момент освоивме само еден трофеј, Суперкупот на Шпанија, па затоа мора да ја сопреме секоја еуфорија“, порача тренерот на Барселона. Чави Хернанез.