вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави: Невозможно е да им се земе топката, па им ја оставивме да играат

Чави: Невозможно е да им се земе топката, па им ја оставивме да играат

Тренерот на Барселона Чави Ернандез, по малку и цинично го коментираше натпреварот веднаш по крајот.

„Резултатот е многу позитивен за нас, но останува уште цел втор натпревар. Задоволен сум од она што го направивме денеска и начинот на кој ги минимизиравме заканите на Реал. Невозможно е да им се одземе топката на Модриќ и Крос, па им ја оставивме и се браневме. Немаа чиста шанса до 89. минута. Целосно сме задоволни од резултатот, а играта можеше да биде подобра доколку постигневме уште еден гол“, изјави тренерот на Барселона за Movistar и додаде:

„Кој ќе биде фаворит во реваншот? Секако дека сме во водство, но овој Реал е доволно силен за да биде сепак фаворит за освојување на Купот на кралот. Да загубивме, ќе ви го кажев истото. Што се однесува до тензиите на клупата, тоа е нормално во Ел Класико“.