Чави Ернандес победи на последните три пресметки со Карло Анчелоти и може да влезе со голема самодоверба во една „Ел Класико“ пресметка, но тренерот на Барселона смета дека Реал Мадрид останува фаворит за пласман во финалето на Копа дел Реј.
Барса победи на првиот меч во шпанската престолнина со резултат 0:1, но иако Чави верува во својот тим, не пропушти да нагласи зошто Реал го гледа како фаворит за пласман на завршниот меч.
– Навистина сметам дека Реал се уште е фаворит за пласман во финалето. Тоа го велам поради добри причини, кажете ми кога Реал Мадрид последен пат бил елиминиран во довмеч? Поради тоа сметам дека тие се уште се фаворити и покрај предноста од 0:1. Притисокот е кај нив, мора да победат и сигурно ќе влезат максимално мотивирани. Истото ќе важи и за нас, имаме играчи кои ни недостасуваат, но планот останува ист. Сакаме да го контролираме мечот и да ги анулираме нивните најдобри играчи. Очекувам да бидат агресивни, ќе излезат да извршат пресинг. На првиот меч беа суперирни, но ќе се обидеме да се справиме како што знаеме. Ќе бидат повредени после последните резултати, ќе имаат желба за одмазда поради тоа што загубија на последните три меча и мора да бидеме подготвени за тоа, – изјави Чави пред утрешниот реванш на „Камп Ноу“.