понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави пред „Ел Класико“ : Реал е како камелеон

Чави пред „Ел Класико“ : Реал е како камелеон

Вечерва на програмата е второто „Ел Класико“ дерби во шпанската Примера оваа сезона, а воедно и второ за Чави Ернандес како тренер на Барселона со оглед на тоа што веќе се сретна со вечниот ривал во Супекупот.

Во својата најава за натпревот  Чави призна дека неиграњето на Карим Бензема е голем хендикеп за Реал, но и покрај тоа, се обиде да објасни зошто тимот на Карло Анчелоти ќе биде фаворит на овој дуел.

– Реал Мадрид е како камелеон, не знаеш како ќе игра. Не знаете дали ќе ве притиска горе, или ќе направи блок и ќе игра на контри. Не знаеме што не чека, ние ќе се обидеме да ја имаме топката што е можно подолго и да го примениме сопствениот стил. Мора да бидеме подготвени за се. Нема подобро сценарио од ова за да ја потврдиме добрата форма. Треба да покажеме карактер, да го прикажеме нашиот стил. Сепак, пред натпреварот, ќе кажам дека Реал и натаму е фаворит. Тоа го велам бидејќи Реал игра на домашен терен и поради фактот што е сигурен лидер во првенството, – порача Чави.