недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чеферин: Идејата за Суперлига повеќе не постои

Чеферин: Идејата за Суперлига повеќе не постои

Идејата за Суперлигата на Европа во фудбал се „роди“ и прекина за краток период. Како бомба одекна веста за формирањето на затворен тип натпреварување ноќта меѓу 17 и 18 април 2021 година.

На оваа тема во повеќе наврати негативни коментари давал Александар Чеферин. Како прв човек на Европската фудбалска унија (УЕФА), Словенецот секогаш ги брани ставовите за евро-куповите под своја капа. Сега, тој нагласи дека смета дека оваа идеја е веќе мртва.

„Предолго зборувавме за Суперлигата, а таа за мене не постои, идејата за истата повеќе не постои. Последните состаноци потврдуваат дека идејата големите клубови да не играат со малите пропаѓа. За такво нешто би морал да се промени целосниот европски модел. Таа идеја не заслужува коментар, би била преголема разликата меѓу „сиромашните“ и „богатите“, не би имало рамнотежа“, рече Чеферин.