четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чеферин: Мислат дека се елита и дека сите треба да им се поклонуваат

Чеферин: Мислат дека се елита и дека сите треба да им се поклонуваат

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин беше жесток кон Реал Мадрид и првиот човек на овој клуб Флорентино Перез поради постојаните приказни за формирање на Суперлигата.

Флорентино Перез и Реал Мадрид сметаат дека се елитен клуб и дека е толку важни што сите други треба да им се поклонуваат. Многу ајкули пливаат во фудбалското море. Кога прв пат чув за формирање на Суперлигата знаев чија идеја е таа. Секогаш се жалеше што неговиот клуб игра против помали клубови“, изјави Чеферин.

Првичниот план за Суперлигата пропадна откако голем број на клубови отстапија од идеата по протестот на навивачите и заканите за санкции од УЕФА.

Еден клуб ми го испрати распоредот на натпревари во Суперлигата. Изгледаше смешно затоа што само Реал Мадрид и Јувентус требаа да играат секоја седмица“, додаде Словенецот.