недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чеферин по трет пат избран за претседател на УЕФА

Чеферин по трет пат избран за претседател на УЕФА

Александар Чеферин по трет пат е избран за претседател на УЕФА. Гласањето се одржа денес на 47. конгрес на организацијата во Лисабон (Португалија).

Кандидатурата на Чеферин беше единствената ставена на изборите. Педесет и петгодишниот Словенец ќе ја извршува функцијата уште четири години.

Чеферин е седмиот претседател во историјата на УЕФА. Тој ја презеде функцијата во септември 2016 година и беше реизбран во февруари 2019 година.