Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин изрази уверување дека гледачите ќе можат да се вратат на стадионите во блиска иднина.
– Мислам дека во оваа фаза е тешко да се суди што ќе научат УЕФА и целиот свет. Секако, сите ќе запомниме дека сме многу кревки и дека вирусот практично може да го стави светот во пауза. Фудбал, исто така. Сепак, сите ќе ја надминеме оваа криза и јас сум сигурен дека ќе станеме посилни и помудри. Фудбалската заедница покажа не само единство и солидарност, туку и пријателство и почит, изјави Чеферин.
Ние одржуваме дневен контакт и не смееме да го прекинуваме во иднина. Сигурно можеме да не се согласиме, но сè додека комуницираме и подготвени сме да жртвуваме нешто, ќе бидеме на вистинскиот пат. Како и сите други, ќе се чувствував подобро ако има навивачи на стадионот. Сепак, јас сум оптимист и верувам дека гледачите ќе можат да се вратат на нашите натпревари во блиска иднина, се надева првиот човек на УЕФА.
Претходно беше објавено дека натпреварите во организација на УЕФА ќе се одржат без гледачи заради пандемијата на коронавирус. Лигата на шампионите 2019/20 ќе заврши во Португалија, додека Лигата на Европа во Германија. (MИА)