Англискиот премиерлигаш Челси останува да биде активен во овој летен преоден рок, а една од целите е да се засили средината на теренот.
„Сините“ според „Скај Спортс“ сакаат да доведат двајца играчи на овој дел со тоа што еден по се изгледа е договорен и останува само официјална потврда. Се работи за американскиот репрезентативец од редовите на Лидс Јунајтед, Тајлер Адамс кој ќе пристигне на „Стемфорд Бриџ“ за сума од 20 милиони фунти.
Лидс испадна во Чемпионшип, па Челси ја активираше клаузулата и Американецот ќе биде нова опција за тренерот Маурисио Покетино. Адамс има 24 години, претходно играше за РБ Лајпциг и Њујорк Ред Бул во својата татковина.
Клубот од Лондон веќе достави понуди до Саутемптон за услугите на Ромео Лавија што значи дека за кратко време можат да се исполнат зацртаните цели.