Челси и Ливерпул пет кола имаат исти резултати и гол разлика 12-1, вечерва „сините“ со 0-3 си заминаа од гостувањето кај Тотенхем.
По прво полувреме без погодоци, резултатот беше отворен на стартот од вториот дел, Тијаго Силва скокна по еден корнер и донесе предност од 1-0.
Во 57. минута, Канте зголеми на 2-0. Французинот биеше од врвот на шеснаесетникот, топката закачи еден од играчите на Тотнем, го смени правецот и заврши во мрежата.
Конечниот резултат беше поставен во последните минути од мечот, Рудигер беше во улога на напаѓач, одлично се отвори да прими топка на 11 метри и биеше прецизно за 3-0.