Челси веќе ги дефинира деталите со новиот менаџер, а „Скај Спортс“ најавува дека Маурисио Покетино ќе биде потврден до следната недела.
Френк Лампард е привремен менаџер по отказот за Греем Потер, а назначувањето на Покетино нема да промени ништо во однос на планот поранешниот фудбалер на „сините“ да го води тимот до крајот на сезоната.
Покетино и Челси веќе постигнале договор и за составот на неговиот стручен штаб, па Аргентинецот наскоро ќе го преземе вториот лондонски клуб во својата тренерска кариера.
Покетино претходно го водеше Тотенхем, а остана без работа од јули, кога беше отпуштен од ПСЖ.
Лошите резултати и отказите за Тухел и Потер во краток период го зголемија притисокот кај раководството на Челси, па затоа и се решиле за потврдено име, кое автоматски ќе има и соодветен авторитет меѓу ѕвездите на клубот.