Челси реши уште еднаш, исто како и минатата зима, да потроши огромни пари на новајлии и извесно е дека ќе плати 45.000.000 евра за да има опција повеќе во одбраната.
По Кристофер Енкунку и Николас Џексон, кои ќе го прошират офанзивниот корпус, на Стемфорд Бриџ ќе пристигне и Аксел Дисаси.
И тоа по цена од споменатите 45.000.000 евра, кои англискиот тим се согласи да му ги плати на Монако. Информацијата ја објави Дејвид Оренштајн, новинар на Атлетик, неодамна позициониран како еден од најдобрите разузнавачи на Островот кога се во прашање клубовите од Премиер лигата.
По неговите сознанија, останува само Дисаси да пристигне во Лондон и да ги направи лекарските прегледи пред да го потпише договорот.