Лондонскиот фудбалски клуб Челси има желба да ја продолжи соработката со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс. Феликс е една од ретките светли точки на клубот со Стемфорд Бриж во актуелната катастрофална сезона за сините и сосема логично сакаат да ја продолжат соработката.
Како што пренесува шпанскиот весник „Марка“, Атлетико бара 100 милиони евра за 23-годишниот фудбалер што секако е пречка за Челзи, кој годинава веќе вложи многу во скапи засилувања, кои не му донесоа резултат.
Феликс во јануари годинава дојде од Мадрид на позајмица до крајот на сезоната на „Стемфорд Бриџ“ и на 16 натпревари постигна два гола. Португалскиот репрезентативец во 2019 година пристигна во Атлетико од португалскиот тим Бенфика.