недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Челзи го договори најскапото засилување во историјата на Премиер лигата

Челзи го договори најскапото засилување во историјата на Премиер лигата

Фудбалерот Енцо Фернандес кој пред две недели со Аргентина ја освои светската титула на Мундијалот во Катар, ќе биде нов играч на Челзи. Според повеќе извори, англискиот гигант се согласил да плати 127 милиони евра на Бенфика за потписот на Аргентинецот.

Со овој трансфер, Фернандес ќе биде фудбалерот со најскап трансфер во историјата на англискиот фудбал, надминувајќи го рекордот на Џек Грилиш за кого беа платени 117 милиони евра.