Лондонскиот фудбалски клуб Челлси се наоѓа во проблеми, поради жестоките санкции на британската влада кон рускиот милијардер Роман Абрамович.
Имотот и сметките на Русинот се „замрзнати“, што значи дека тоа ќе влијае и врз работата на клубот.
Сега „Дејли Мејл“ пишува дека „сините“ ќе имаат проблеми да ги исплатат платите на први април. Ако тоа се случи, премиерлигашот ќе остане без девет бода на своето конто. Тоа ќе влијае врз амбициите на клубот да обезбеди место меѓу најдобрите четири на табелата.
Лондонскиот гигант за плати на месечно ниво издвојува 34 милиони евра. За да го направи тоа Челзи нема да може да смета на спонзорите, кои полека се откажуваат од договорените соработки.