Фудбалерот на Барселона, Пјер – Емерик Обамејанг, ќе ги продолжи до крајот на оваа недела преговорите со премиерлигашот Челзи, пренесуваат денеска британските медиуми.
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, сака да го задржи репрезентативецот на Габон во своите редови, меѓутоа раководството на каталонскиот клуб е подготвено да даде „зелено светло“ за трансфер на Обамејанг за обесштетување од 30 милиони евра.
На Челзи му е потребен напаѓач, а во лондонскиот клуб сметаат дека Габонецот Обамејанг би бил идеално засилување.
Обамејанг на почетокот на оваа година се пресели во Барселона од Арсенал.