вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Челзи подготвува понуда од 60 милиони фунти за Гордон

Челзи подготвува понуда од 60 милиони фунти за Гордон

Премиерлигашот Челзи подготвува трета понуда за Евертон за играчот од средниот ред Ентони Гордон, објави „Скај спортс“.

Сините подготвуваат да понудат околу 60 милиони фунти за 21-годишниот Англичанец. Цената вклучува бонуси за успешните настапи на играчот.

Евертон претходно одби две понуди од Челзи од 40 и 45 милиони фунти.

Гордон е „дете“ на Евертон. Минатата сезона забележа 40 настапи за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и три асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ го оценува играчот на 18 милиони фунти. Договорот на Гордон со клубот е со важност до 2025 година. (МИА)