сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Челзи потпиша со најдобриот стрелец на Молде

Челзи потпиша со најдобриот стрелец на Молде

Англискиот премиерлигаш Челзи на својата официјална веб-страница денес објави дека го комплетира трансферот на напаѓачот Давид Фофанa од Молде.

Лондонскиот клуб потпиша договор со напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска до 2029 година со опција за продолжување на уште една година.

Оваа сезона Фофана забележа 37 настапи за норвешкиот тим во сите натпреварувања, постигна 21 гол и седум асистенции.

Претходно се дозна дека Челзи за 20-годишниот играч ќе плати 12 милиони евра.