недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Челзи своевремено одби 80 милиони евра за него, а сега го продава за ПЕТ

Челзи своевремено одби 80 милиони евра за него, а сега го продава за ПЕТ

Крилниот играч на Челзи, Калум Хадсон – Одои (22) е на излезна врата од лондонскиот премиерлигаш, а кариерата би требало да ја продолжи во градскиот ривал Фулам, пренесуваат британските медиуми.

Според медиуми, вредноста на трансферот се очекува да изнесува нешто повеќе од пет милиони евра.

Хадсон – Одои не е во плановите за следната сезона на новиот тренер на Челзи, Маурисио Покетино, а клубот сака да се ослободи и од обврските околу неговата неделна плата од околу 150.000 евра.

За услугите на Хадсон – Одои голем интерес пред три сезони покажуваше минхенски Баерн, но Челзи ја одби понудата на германскиот гигант.  (МИА)