понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Челзи тргнува по двете големи ѕвезди на Наполи, италијанскиот клуб бара 110 милиони фунти

Челзи тргнува по двете големи ѕвезди на Наполи, италијанскиот клуб бара 110 милиони фунти

Двајца фудбалери на Наполи, тимот кој во овој момент се бори за трофејот во Серија заедно со Јувентус, се во радарот англискиот Челзи. Клубот на Роман Абрамовиќ во своите редови ги сака дефанзивците на италијанскиот тим, Калиду Кулибали и Елсеид Хисај.

Како што пишуваат медиумите во Англија и Италија, Наполи за двајцата играчи ќе бара вкупно 110 милиони фунти, од кои 44 би биле за Хисај, а за херојот од мечот со Јувентус, Калиду Кулибали би дошле 66 милиони фунти. Покрај Челзи, интерес за овие двајца играчи покажуваат и други европски клубови.

Албанецот и Сенегалецот се незаменлив дел од мозаикот кој Маурицио Сари го створи во Наполи, мозаик кој е на само еден бод од првото место во Калчото, кое се уште го држи Јувентус.