петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чилвел дефинитивно го пропушта СП во Катар

Чилвел дефинитивно го пропушта СП во Катар

Лондонскиoт фудбалски клуб Челси објави лоша вест за англискиот селектор Герет Саутгејт, откако дефанзивецот Бен Чилвел потешко се повреди во средата против Динамо Загреб и нема да биде во конкуренција за настап на Мундијалот во Катар.

Чилвел заработи повреда на задната ложа , а после лекарските прегледи констатирано е дека станува збор за посериозна повреда која бара подолг период на рехабилитација, што значи дека Чилвел нема да биде дел од селекцијата на „Гордиот албион“.

Тој е втор фудбалер на Челси кој се повредува во пресрет на СП, откако претходно против Милан повреда заработи и Рис Џејмс, кој сега е во рехабилитациска фаза и има „трка со времето“, но мали се шансите дека ќе биде максимално спремен за да се најде меѓу 26-те фудбалери на списокот на Саутгејт.