сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Човиќ: Кога можеше да се одложи Барса-Реал, зошто да не и Будуќност-Звезда?

Човиќ: Кога можеше да се одложи Барса-Реал, зошто да не и Будуќност-Звезда?

Претседателот на кошаркарскиот клуб Црвена звезда, Небојша Човиќ, одржа прес-конференција за да објасни зошто тимот не замина во Подгорица на натпревар од АБА лигата против Будуќност.

– Штом забележавме дека има политички инсинуации, стапивме во контакт со нашите безбедносни органи, и според направената процена, не можеше да се исклучи можност од инциденти насочени кон нашите играчи, стручен штаб, управата и навивачите. На нашите дописи до АБА, никој не ни одговори, рече Човиќ.

– Нас ни одговараше денеска да играме, бидејќи имаме згуснат распоред. Го предлагаме 24 февруари како термин, но би прифатиле и некој друг со кој ќе се согласи Будуќност. Не сакаме да учествуваме во нешто што е со висок ризик. Неодамна требаше да се игра фудбалскиот натпревар Барселона – Реал Мадрид, но поради немири, клубовите се договорија да се одложи дуелот. Апелираме на разбирање, објасни Човиќ.