вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Александар Џикиќ по втор пат ќе седне на клупата на Будуќност

Александар Џикиќ по втор пат ќе седне на клупата на Будуќност

Поранешниот македонски кошаркарски селектор, Александар Џикиќ по вторпат во тренерската кариера ќе седне на клупата на Будуќност од Подгорица на местото на тренерот Дејан Милојевиќ.

50—годишниот стручњак од Белград со екипата од главниот град на Црна Гора ја освои АБА лигата и донесе историски пласман во Евролигата. Според информациите Џикиќ потпиша двегодишен договор.

„Александар Џикиќ ја обележа нашата најславна сезона, кога под неговата тренерска палка ја покоривме АБА лигата. Создаде една компактна, војничка, фајтерска екипа која подеднакво се бореше на домашен и на гостински терен. Под негово водство поставивме рекорд во Евролигата по број на погодени тројки на еден меч. Со него одиме во нови походи. Александар Џикиќ е тренер на Будуќност“ се вели во соопштението на клубот.

.