четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Џикиќ најде нов ангажман по отказот во Будуќност

Џикиќ најде нов ангажман по отказот во Будуќност

Кошаркарскиот тренер Александар Џикиќ, само неколку дена по отказот што го доби во Будуќност најде нов клуб и тоа во Израел, каде што ќе работи првпат во кариерата.

Тој ќе седне на клупата на Хапоел Ерусалим, еден од најголемите ривали на традиционално најдобриот израелски тим Макаби Тел Авив.

Џикиќ минатата сезона тимот од Подгорица го однесе до завршницата од АБА, ТОП 16-фазата во Еврокупот и до двојната круна во Црна Гора, но тоа не беше доволно за управата на клубот, која веднаш му ја прекина соработката.