сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ЦРВЕН АЛАРМ во аргентинската репрезентација: Меси тренира сам, ќе биде ли подготвен за СП?

ЦРВЕН АЛАРМ во аргентинската репрезентација: Меси тренира сам, ќе биде ли подготвен за СП?

Големи проблеми за репрезентацијата на Аргентина пред стартот на Светското првенство во Катар. Лионел Меси тренира сам во тренинг центарот на репрезентацијата во Катар, пренесуваат аргентинските медиуми.

Откако го пропушти вчерашниот тренинг, тој доцнеше и на денешниот по што веднаш се вклучи алармот во Аргентина. Сепак, по некои десет минути првата ѕвезда на „гаучосите“ се појави на тренингот кој го одработе индивидуално со еден од тренерите на репрезентацијата.

Аргентина првиот натпревар на Светското првенство во Катар го има во вторник против Саудиска Арабија, а мечот е со почеток во 11 часот.