Селекторот на фудбалската репрезентација Златко Далиќ не стравува од тој податок и со својата изјава сигурно ќе ја одушеви цела Хрватска.
„Ако дојде Шпанија, ќе се подготвиме за неа. Сега најважно ни е сега да се одмориме. Ако играме како вечерва, не се плашиме од никого. Против Белгија одигравме добро. Знаевме дека ќе бидеме нападнати, и одлично одговоривме на тоа. Не попуштивме во ниту еден момент и имавме контрола“, рече хрватскиот селектор.
Во пресрет на последното коло од групата Е, лидер е Шпанија со четири бода, по три имаат Јапонија,Костарика и Германија.