недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Далиќ: И ние и Белгија не очекувавме вакво сценарио

Далиќ: И ние и Белгија не очекувавме вакво сценарио
GLASGOW, SCOTLAND - JUNE 22: <> during the UEFA Euro 2020 Championship Group D match between Croatia and Scotland at Hampden Park on June 22, 2021 in Glasgow, Scotland. (Photo by Steve Bardens - UEFA/UEFA via Getty Images)

Белгија и Хрватска важеа за фаворити во групата Ф, но како што стојат работите само за еден од нив ќе има место во нокаут фазата на Светското првенство.

„Црвените ѓаволи“ се во потешка позиција и со три бода се под цртата која води во наредната рунда, односно во овој меч на Хрватите им е доволен и бод за да дојдат до посакуваната цел.

-Одлучувачки натпревар за минување на групата против втората репрезентација на светот која беше прва цели четири години. Да биравме, не би сакале овој меч да решава. Очекуваме тежок натпревар, нема да се опуштиме поради нивните малку полоши игри. Тоа е важен натпревар и за нив. Подготвени сме, одиме на победа. Нема да биде лесно. Не одиме на бод кој ни носи пласман во осминафиналето на Мундијалот. Таквата игра носи нешто лошо. Мора да играме како што игравме против Канада. Немаме причина да менуваме многу, а имаме уште еден тренинг, -рече селекторот Златко Далиќ кој е убеден дека Лукуку ќе биде стартер за Белгија. Тоа е врвна репрезентација. Тие се број два на ранг-листата на ФИФА, а ние сме број 12. Нема поправен по овој натпревар. Еден бод ни врши работа, но нема да одиме на реми. И ние и Белгија размислувавме за поинаков исход на групата. Се грижам само мојот тим да биде на нивно ниво и да го даде својот максимум. Очекувам Лукаку да го започне натпреварот, а потоа нивната игра да се промени. Во последно време не игра многу, но е одличен напаѓач. Ќе им биде тешко на нашите стопери, но ако добро се позиционираме, ќе завршиме половина работа, -заклучи селекторот на хрватската фудбалска репрезентација.