Во пресрет на полуфиналната средба, своите очекувања ги изнесе селекторот Златко Далиќ. Тој нагласи дека натпреварот од пред четири години и овој се комплетно различни.
„Влеговме меѓу четирите најдобри репрезентации на светот. Голема работа е да се успее тоа на два Мундијали во низа. Сакаме повеќе, а играме против големата Аргентина која ја води Лео Меси. Притисокот е врз нив, знаеме како играат и во која насока сакаат да го одведат натпреварот. Оптимист сум и верувам во играчите, тие покажаа квалитет и карактер. Без тоа немаше да дојдеме во полуфинале. Нема да се прилагодуваме на ривалот, ќе ја играме својата игра на резултат. Пред нас е нов натпревар, различен од тој пред четири години во групите. Тогаш добро одигравме, дадовме голови од свои шанси, но тоа сега нема врска со сегашноста. Влогот е голем за двете екипи, нема штедење ниту калкулации. Очекувам цврст и убав натпревар“, кажа Далиќ.